Oдржан брифинг со претставници на медиумите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Oдржан брифинг со претставници на медиумите

Соопштенија за јавност  |  26.4.2024

 

Денес,  претседателката  на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева одржа брифинг за новинари, на кој ги презентираше активностите на Советот  во врска со имплементацијата на  препораките од Извештајот на Оценската мисија на ЕУ  содржани во Акцискиот план усвоен од страна на Судскиот совет и  Годишниот извештај за работа на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2023 година и се разговараше за актуелните теми кои се однесуваат на Судскиот совет и судовите воопшто.

Овој брифинг е прв од брифинзите кои наредниот период континуирано ќе се одржуваат со претставниците на медиумите, во насока на зајакнување на транспарентноста и отчетноста на Судскиот совет на Република Северна Македонија.