СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Судскиот совет на Република Македонија (во натамошниот текст: Советот) е самостоен и независен орган на судството. Советот ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно со Уставот и законите.
СТАТУС НА СОВЕТОТ
- Советот има својство на правно лице.
- Седиштето на Советот е во Скопје.
- Советот има печат кој го содржи името Република Македонија, грбот на Република Македонија, називот и седиштето на Советот.
- На зградата во која се наоѓа седиштето на Советот се истакнува називот и седиштето, грбот и знамето на Република Македонија.
НАДЛЕЖНОСТИ НА ССРМ
Советот е надлежен:
- да ги избира и разрешува судиите;
- да ги избира и разрешува претседателите на судовите;
- да ги интервјуира кандидатите за сите судови;
- да утврдува престанок на судиската функција;
- да избира и разрешува судии поротници;
- да ја следи и оценува работата на судиите;
- да одлучува за дисциплинска одговорност на судиите;
- да утврдува престанок на судиска функција поради трајна неспособност за работа на судија;
- да одлучува за одземање на имунитет на судија;
- да одлучува по барање за одобрување на притвор на судија;
- да предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија од редот на судиите;
- да одлучува за времено отстранување на судија од вршење на судиска функција;
- да го утврдува бројот на потребните судиски места по судови;
- да ги разгледува и оценува тримесечните и годишните извештаи за работа на судовите;
- да се грижи за угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судството;